Во Тајван ја оценија можноста за војна со континентална Кина

Нетпрес

20/10/2021

19:11

2.462

Големина на фонт

а а а

Веројатноста за избувнување војна меѓу Кина и Тајван во текот на следната година е многу мала, изјави во средата директорот на бирото за национална безбедност на островската земја Чен Мингтонг.

„Веријатноста за започнува борбени дејствија меѓу континентална Кина и Тајван во текот на идната година е многу мала“, изјавил Мингтонг пренесеува тајванската новинска агенција Central News Agency (CAN).

Изјавата на шефот на тајванската служба за безбедност била дадена на состанокот на парламентарната комисија за одбрана, одржана за сѐ почестите масивни прелети на кинески борбени авиони во водушниот простор на Тајван.

На почетокот од октомври властите на Тајван ја осудија Кина поради прелетот на 38 кинески воени авиони претходниот ден во воздушниот простор кој се смета за тајвански, што се смета за најголемиот досега кинески упад. Тајванскиот премиер Су Ценг-чанг тогаш изјави дека Кина „очајнички ја јакне својата воена моќ и го поткопува регионалниот мир“.

Стануваше збор за најголемиот број кинески воени авиони коиишто ги детектирала тајванската Зона за идентификација на противвоздушната одбрана (ADIZ), откако тамошното министерство за одбрана од септември 2020 година започна со објавувањето на ваквите извештаи. Кусо по тајванското поднесување на барање за пристапување на Транспацифичкото партнерство на 23-ти септември годинава, 24 кинески борбени авиони упадна во тајванскиот воздушен простор. ADIZ соопшти дека на 15-ти јуни детектирал 28 кинески ловци, а претодно на 12-ти април годинава 25 кинески воени авиони.

Министерот за одбрана на Тајван, Киу Гуошенг, претходно седмицава изјави дека континентална Киндо 2025 одина ќе ги поседува сите потенцијали за целосна инвезија врз Тајаван и истакна дека актуелната ситуација во Тајванскиот теснец е најнапнатата во последните 40 години илустрирајќи го тоа со податокот дека само во првата седмица од октомври речиси 150 борбени авиони на Кина прелетале близу тајванските брегови.

Официјалниот портпарол на канцеларијата на Државниот совет на Кина за Тајван, Ма Ксјаогуанг рече дека воените маневри на кинеската армија во близина на тајванскиот брег е со цел да се „осигури суверенитетот на земјата и се насочени против сепаратистичките активности и надворешните мешања“.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.

Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.

Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг