Починала на 25 години - на ист начин како нејзината мајка: Трагичната судбина на прекрасната русокоса која никого не остава рамнодушен

Точка

20/10/2021

18:54

18.939

Големина на фонт

а а а

Била колумнистка, писателка, телевизиска личност, модел, прекрасна мајка на две деца... Сепак, злобната судбина не успеала да ја заобиколи ќерката на Боб Гелдоф.

Пичис Гелдоф била манекенка, телевизиско лице, колумнистка и девојка со неверојатна убавина. Таа е родена во 1989-та година како второ дете на Боб Гелдоф и Пола Јејтс, а живеела и се школувала во Лондон, а подоцна се преселила во Њујорк.


Пичис имала само 11 години кога дознала дека нејзината мајка Пола Јејтс починала. Како последица наведено е предозирање со хероин.

„Се сеќавам на денот кога почина мајка ми. И понатаму тешко зборувам за тоа. Го поттиснав тоа. Отидов во училиште следниот ден, бидејќи менталитетот на мојот татко беше таков да се смириме и да продолжиме понатаму. Отидов во училиште и се правев како ништо да не се случува. Но, се случи! Не тагував, не плачев на нејзиниот погреб. Ги затрупав своите емоции. Воопшто не тагував за мајка ми можеби до мојата 16-та година“, рекла таа во едно интервју.

По трагедијата, Пичис немала многу мир во своите чувствителни тинејџерски години. Медиумите поради познатите родители ја следеле во чекор.

Таа токму тогаш почнала да работи и да пишува. На 15 години почнала да пишува колумни за „Elle Girl“, па продолжила да пишува за „The Daily Telegraph“, како и за познатиот „The Guardian“.

На 16 години бил претставен документарец за нејзиниот живот. Нејзиниот успех само растел во сите сфери, па била на листата на топ 10 модни икони, а на 18 години била на листата на најсексапилни жени во светот.

Во тоа време запловила и во светот на моделингот, а нејзината популарност само растела, иако со неа паралелно почнал и падот на успешната и прекрасна Пичис.


Во 2008-ма година започнала романса со музичарот Макс Друмеј. Се преселила во Њујорк и после само неколку недели врска, се венчала со него во Лос Анџелес. Во Њујорк експериментирала со дроги, а во дневникот на еден нејзин пријател пронајдена е реченица дека 'Пичис доаѓа и првпат ќе проба хероин'.

Тој пријател, Фреди Меконел, починал до 2011-та година од предозирање.

Познатиот Боб Гелдоф зборувал дека подоцна му било јасно дека неговата ќерка се дрогира. Пичис и сама зборувала за тоа. Зборувала дека има искуство со дрога, но дека никако не сака тоа повторно да се случува.

„Не сум Ејми Вајнхаус“, тврдела Пичис.

После крајот на бракот, се заљубила во Том Коен, со кој добила два сина. Пичис била на рехабилитација, бегала од клиниките, се вртела во кругот на нејзината зависност.

Нејзиниот сопруг во 2014-та година од нејзините пораки сфатил дека таа повторно е зависна од хероин. Во април истата година, заминал кај своите родители со децата.

Кога се вратил, Пичис била мртва. Имала само 25 години.

Смртта следела по предозирање со хероин, а иако не се работело за голема доза, била смртоносна за нејзиниот организам.

„Јас сум татко кој е одговорен за неа и очигледно сум погрешил“, рекол Боб Гелдоф по смртта на неговата ќерка, обвинувајќи се себеси за сè што се случило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг