Мбапе обелодени каква конверзација имал со Меси пред двата пенали во Париз

Дерби

20/10/2021

18:13

2.863

Големина на фонт

а а а

ПСЖ со пресврт успеа да стигне до посакувана победа против Ред Бул Лајпциг и продолжи со одличниот учинок во Лигата на шампионите, иако мора да се признае дека „светците“ се мачеа повеќе од очекуваното против германскиот бундеслигаш.

Лионел Меси постигна два гола во второто полувреме и го комплетираше пресвртот, но во овој дел од играта, домаќинот од Париз доби и два пенали, за кои видовме и два различни изведувачи.

Најпрво Меси со елегантна „паненка“ го измами противничкиот голман и погоди за 3:2, додека во судиското надополнување, Мбапе беше вториот изведувач на најстрогата казна, но Французинот беше непрецизен и со сета сила ја шутна топката над голот.

Интересно, Килијан требаше да биде изведувач и за првиот пенал кој го реализираше Меси, но Мбапе реши да му ја додели најстрогата казна на својот нов соиграч.

– Зошто му го доделив пеналот на Меси? Така прават вистинските соиграчи. Меси е најдобриот играч во светот и сметав дека е негов ред. Тоа беше меѓусебен договор по кратка конверзација на теренот.

Иако можеше да стигне и до прв хет-трик во дресот на ПСЖ, вториот пенал на крајот го изведе Мбапе, а не Меси.

– На крајот, тој ме остави да го изведам вториот пенал. За жал промашив и не го реализирав. Вистинска привилегија е да се игра со Меси, ќе биде сосема заслужено ако ја освои „Златната топка“, – изјави Мбапе за „Радио Монте Карло“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг