Видео: Венгер воодушевен од најразиграниот играч во Европа: Никој не дава вакви голови, како да игра на улица!

Дерби

20/10/2021

18:12

3.270

Големина на фонт

а а а

Арсен Венгер беше задолжен за коментирање на вчерашните случувања во Лигата на шампионите како стручен експерти за „БеИН Спортс“, но актуелниот шеф на ФИФА привлече посебно внимание за анализата која ја направи за најразиграниот играч во Европа во овој момент.

Мохамед Салах стана првиот играч во историјата на Ливерпул кој постигна гол на девет натпревари во низа, статистика која само покажува во каква страшна форма се наоѓа Египќанецот за кого Венгер вели дека е убедливо најдобар напаѓач во светот во овој момент.

– Салах е топ, топ класа и најдобар светски напаѓач во овој момент. Дава голови кави што никој не дава во ова време, зборувавме за ова сите заедно во студиото.

– Како да игра уличен фудбал, таму се поминуваат играчи на ваков начин. Полн е со самодоверба и навистина е креативен. Се на се, сметам дека е исклучително интелигентен фудбалер, – изјави Венгер.

Иако првично првиот гол на натперварот против Атлетико му беше запишан на Милнер, УЕФА направи корекција и по крајот на мечот објави дека истиот му се препишува на Салах, заедно со оној од пенал за конечни 2:3.



Спонзорирани линкови

Маркетинг