Казнен налог за уништување извршителски печат во Гостивар​

Макфакс

20/10/2021

17:02

1.510

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело симнување или оштетување службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување моторно возило „мерцедес“, попишано поради неплатен долг кон една банка. Печатот бил ставен на возилото по поднесено барање за извршување и пресуда од 2009 година од Основниот суд Гостивар. Јавниот обвинител предложи на обвинетиот за стореното да му биде изречена условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг