Кејт Мидлтон, омилениот член на англиското кралско семејство, сопруга на принцот Вилијам, има големо влијание во модниот свет, особено во Велика Британија.
Добро е познат т.н. „Кејт ефект“, односно сето тоа што го носи оваа 39-годишна жена со брзина на светлината исчезнува од модните продавници, а изданието во кое модната икона се појавила во Лондон на настанот чија цел е пропагирање на свеста за многу опасни зависности, повторно привлекло големо внимание.
Кејт може да се пофали со прекрасната фигура, па сè што ќе облече ѝ стои без грешка, а овојпат одлучила да носи женствена комбинација во огнено црвена боја.
Баш како и кралицата Елизабета Втора, Кејт неретко бира впечатливи бои, а сите се согласни дека оваа комбинација со потпис на Кристофер Кане ѝ стои прекрасно.
Одличниот стајлинг таа го заокружила со неодолива чанта од брендот „DeMellier“ чија цена изнесува околу 295 фунти, а потпетиците од брендот „Celia“ се со потпис на Ралф Лорен.
Модната комбинација за чиста десетка ја зачинила со интересни обетки.
Дали ви се допаѓа како изгледа Кејт Мидлтон?