Упорноста се исплати: Како детето Паоло ја доби белата капа на папата и ги освои срцата на верниците во Ватикан

Точка

20/10/2021

16:17

2.993

Големина на фонт

а а а

Едно 10-годишно дете го "украло шоуто" во Ватикан кога пришло и седнало покрај папата Францско во текот на неговата неделна аудиенција.

Папата Франциско во текот на денешната служба ја фалел "спонтаноста и слободата" на децата кога му пришло едно 10-годишно дете и му покажало дека ја сака неговата бела капа.

Детето, како што папата подоцна забележал, имало ментални потешкотии, а носело заштитна маска и тренерка,

Безбедносниот персонал не се обидел да го спречи детето, кое потоа се ракувало со Франциско и скокало покрај него.

Папата го задржал детето се додека шефот на протоколот, Леонардо Сапиенца, не станал и му го отстапил местото на детето на столчето од десната страна на папата. Детето во текот на говорот на папата неколку пати станувало и одело да разни ватикански службеници и покажувало кон капата на папата.

Кога аудиенцијата завршила, публиката и ватиканскиот аудиториум со громогласен аплауз ја поздравиле одлуката на папата да му ја подари капата на малиот Паоло.

"Му благодарам на ова дете за лекцијата која ни ја одржа. Нека му помогне Бог со неговите ограничувања, за да расте, бидејќи тоа што го направи ме трогна", порача папата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг