Њукасл го отпушти менаџерот Стив Брус

Дерби

20/10/2021

15:34

2.120

Големина на фонт

а а а

Новите сопственици на Њукасл го направија првиот посериозен потег во раководењето со клубот и денеска официјално го отпуштија менаџерот Стив Брус.

Промената во сопственичката структура дојде во најлош момент за Брус, бидејќи Њукасл се уште нема победа сезонава во Премиер лигата и раководството очекува промени со доаѓањето на новиот менаџер.

Њукасл официјално соопшти дека е постигнат договор за разделба со Брус и му посака среќа во иднина.

Досегашниот менаџер го водеше тимот од „Ст. Џејмс Парк“ околу две години, a привремено функцијата менаџер ќе ја извршува неговиот досегашен асистент Греем Џоунс.

Следниот натпревар на Њукасл е против Кристал Палас, а клубот најави дека наскоро ќе објави кој ќе биде нов менаџер на екипата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг