Лионел Меси доби урнебесна порака од млад аргентински фан кој се вика Кристијано и неговиот банер брзо стана вирален хит, но за време на вчерашниот меч во Лигата на шампионите, аргентинската ѕвезда доби уште една луда порака од млад симпатизер на ПСЖ.
„Светците“ успеаја со пресврт да победат против Лајпциг благодарение на двата гола кои ги постигна Меси, но покрај тоа што го имаше главниот збор на теренот, Лео се најде во прв план и на трибините поради банерот кој брзо се рашири на социјалните мрежи.
Фудбалските фанови се обидуваат да бидат се пооргинални во пораките кои ги упатуваат до своите идоли, но се чини дека овој млад навивач отиде чекор пред сите.
– Лео, дај ми го твојот дрес, јас ќе ти ја дадам мојата мајка, – гласи пораката на банерот кој ги изнасмеа фудбалските фанови.
Засега не е познато дали младиот фан го добил дресот од аргентинската ѕвезда, но фактот што беше уловен од фоторепортерите, направи да добие планетарна популарност во изминатите 12 часа.
Cet enfant est prêt à tout pour obtenir le maillot de Messi ??#PSGRBL | #UCL pic.twitter.com/t3K983CvX6
— Goal France ?? (@GoalFrance) October 19, 2021