Лацио го победи Интер во големото дерби изминатиов викенд и продолжи со своите добри изданија на натпреварите против ривалите за висок пласман, но доброто расположение во Рим беше стишано во клупските простории во изминатите два дена, сето тоа како последица на видеото кое стана вирално во Италија.
На истото беше прикажано како Хуан Бернабе изведува фашистички поздрави пред фановите на Лацио пред една од трибините на „Олимпико“, а бидејќи станува збор за дресерот на официјалната маскота на клубот, сега следеше и официјално гласило од „лацијалите“.
Специјалниот дресер на орелот работи за клубот од 2010-та година и е во нависитна блиска врска со маскотата на Лацио, но во наредниот период нема да ја извршува оваа функција и веќе нема да биде составен дел од „Олимпико“ и протоколите пред и по натперварите.
На прикажаното видео, Бернабе извикува „Дуче, Дуче“, зборови кои се познати од времето на Бенито Мусолини и кои имаат стриктно фашистички контектст.
Лацио во официјалното соопштение потенцира дека клубот не толерира никакво непочитување на етичкиот кодекс кој се пркоси со размислувањата на заедницата, па поради тоа, дресерот е суспендиран и останува без никакви задолженија.
Juan Bernabè, espanhol adestrador da águia da Lazio, filmado fazendo a saudação fascista a torcedores no Olímpico. Fato já gera reações no mundo político e na comunidade judaica da Itália.
— Leonardo Bertozzi (@lbertozzi) October 20, 2021
pic.twitter.com/0pWtKTXoOw