Потрага во Германија: Пред два месеци на лотарија освоил 2,4 милиони евра и уште не се јавил

Точка

20/10/2021

15:47

5.394

Големина на фонт

а а а

"Ќе направиме се што е можно за да го пронајдеме добитникот и да му ја предадеме добивката", рекол портпаролот на "Westlotto".

Новиот милионер на 25-ти август освоил 2,5 милиони евра, но се уште не се јавил. Непознато е дали воопшто знае дека е добитник, а германската лотарија објавила дека ќе направи се за да го пронајде.

Германската лотарија го бара добитникот кој пред околу два месеци освоил 2,4 милиони евра, а уште не се јавил.


"Westlotto" во Минстер таа информација ја објавил во вторникот, јавува "hellwegradio.de".

"Ќе направиме се што е можно за да го пронајдеме добитникот и да му ја предадеме добивката", рекол портпаролот на "Westlotto", Аксел Вебер.


Вработените во "Westlotto" во Минстер ги замолиле своите клиенти да ги проверат старите лото ливчиња.

Се претпоставува дека новиот милионер доаѓа од Рурското подрачје, каде добитното ливче било уплатено на 25-ти август.




Спонзорирани линкови

Маркетинг