Потресна исповед на пејачката, откри морничави детали од својот живот: „Бев заробена, дрогирана и постојано силувана, но преживеав“

Точка

20/10/2021

15:07

4.305

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ејми Дафи (37) од Велс, долго време не се појавуваше во јавноста, а сите се прашувале каде исчезнала откако го објави светскиот хит „Mercy“.

Пејачката која од јавноста се повлекла во 2011-та година, на социјалните мрежи обелоденила дека со денови била заробена и дека непознато лице ја дрогирало и силувало.

„Нема едноставен начин да ви го кажам ова. Многумина од вас се прашуваат што се случи со мене, каде сум и зошто исчезнав. Многу размислував за тоа како да го напишам ова... И како би се чувствувала потоа. Не сум во целост сигурна зошто ми изгледа како сега да е вистинско време за тоа и дека разговор на таа тема ќе ме ослободи. Сигурно се прашувате зошто не го искористив мојот глас за да ја изразам мојата болка. Не сакав на светот да му покажам тага, не знаејќи како ќе пеам со скршено срце. Но, тоа постепено се лекува. Вистина е... И, ве молам, верувајте ми дека сега сум добро и на сигурно. Многу денови бев силувна, дрогирана и бев заробена, но преживеав и ми требаше многу време да закрепнам“, ја започнала пејачката својата исповед.

Подоцна открила и што точно се случувало.


„Ми беше роденден и бев дрогирана во ресторан, бев дрогирана и следните четири недели. Не можам да се сетам на качувањето во авион и враќањето дома. Бев сместена во хотелска соба и силувана“, продолжила Дафи.

„Се сеќавам на болката и обидот да останам при свест откако се случи сè. Заглавив со сторителот уште еден ден, не ме ни гледаше, постојано одев позади него. Бев во полусон, нему на располагање. Размислував за бегство во соседниот град додека спиеше, но немав пари и се плашев дека ќе испрати полиција поради бегството или дека ќе ме бараат како исчезнато лице. Не знам од каде ми беше таа сила да издржам сè што се случуваше тие денови, но почувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива. Се вратив заедно со него со авион, останав смирена и нормална, колку што можев во таа ситуација, а кога дојдов дома, седев зашеметена како зомби. Знаев дека животот ми е во опасност, ми даде до знаење дека сака да ме убие. Ме дрогираше таму следните четири недели, не знам дали и тогаш ме силувал“, напишала пејачката во својата потресна исповед.

„Колку и да е мрачна мојата приказна, сето ова го зборувам од срце, поради мојот живот и поради животот на другите кои поминале низ истото“, рекла Дафи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг