Трикови на генијалните умови: 3 начини на кои Тесла го тренирал својот мозок

Точка

20/10/2021

16:07

9.780

Големина на фонт

а а а

Никола Тесла е еден од најголемите научници кои човештвото некогаш ги имало.

Најголема дилема е дали зад умот на генијалецот Никола Тесла постоеле некои трикови за тренинг на мозокот со кои се служел за да ја зголеми својата продуктивност и дали и ние истите може да ги примениме.

Во текот на животот, Тесла константно работел на проекти и често ги реализирал до крај. Имал чудни навики, како на пример спиење по само два часа.

Сепак, тоа што го остварил е невозможно да се постигне без правила за зголемување на продуктивноста.


1. Добро размислете пред нешто да направите

Тесла често зборувал дека може да ги замисли струјните кола и ретко правел скици пред почетокот на работата на нивното создавање. Овој процес на визуелно размислување не е својствен кај сите луѓе, но е основна идеја дека едноставно треба да се концентрирате на конечниот производ. За креативното размислување често неопходно е да се опуштите и да поработите на проблемот во вашата глава.

„Мојата метода е поразлична. Јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе ја добијам идејата веднаш почнувам со реализирање во мојата фантазија. Ги менувам конструкциите, работам на поправките и управувам со машината во својата глава. Целосно е неважно за мене дали ја тестирам машината или пак работниците во мојата глава. Забележувам дури и доколку не работам добро. Разлики нема, резултатот е ист“, запишал Тесла во својата книга.

2. Одете на прошетки

Познато е дека одењето на прошетки има свои предности кога станува збор за креативноста. И Тесла го имал тоа мислење, па иако неговите прошетки станале дел од опсесивно-компулсивното однесување, тој „еурека“ имал токму во тие моменти.

Во една од тие прошетки тој ја добил идејата за наизменична струја кога во 1881 година тој се преселил во Будимпешта додека со својот пријател шетал низ престолнината.


3. Сами работете на вашите проблеми

Како и многу други иноватори и креативни ликови и Тесла ја застапувал тезата дека сами треба да размислуваме и да ги решаваме нашите проблеми.

„Умот е поостар и поконцентриран кога е во самотија. За размислување не е неопходна голема лабораторија. Оригиналноста пристигнува од осаменоста ослободена под влијание кое ни го уништува креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на иноваторите, бидете сами – тогаш идеите се раѓаат“, тврдел Тесла.




Спонзорирани линкови

Маркетинг