Хауард Стерн за невакцинираната НБА ѕвезда: „Најголем идиот во земјата“

Точка

20/10/2021

14:23

5.408

Големина на фонт

а а а

Радискиот водител Хауард Стерн ја нарече НБА ѕвездата Кајри Ирвинг 'идиот' и 'кретен' поради неговиот став кон вакцината против Ковид-19.

„Што се однесува до идиотот, тој моментално мора да биде најголемиот идиот во земјата“, рекол Стерн за кошаркарот во својата емисија „SiriusXM“.

„Момчето доби прилика како млад да заработи милиони долари, и сè што треба да направи е да се вакцинира, но тој не сака тоа да го направи“, додал Стерн.

На Ирвинг минатата недела му било забрането да присуствува на тренинзите и натпреварите на Бруклин Нетс, бидејќи не примил вакцина, а во видеото што се прошири на социјалните мрежи рекол дека засега нема планови тоа да го промени - дури и ако тоа го чини милиони во загубени плати.

Стерн рекол дека тоа е една од најглупавите работи кои некогаш ги слушнал, објаснувајќи дека верува дека Ирвинг е 'глупав'.

Водителот ги пофалил Нетс за нивниот цврст став кој го имаат во врска со одлуката да го држат Ирвинг подалеку од тимот поради неговата одлука за вакцината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг