Тој навел дека Албанија почнала да напредува во клучните реформи, како правосудството, пазарната економија и слично.
Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека Албанија се уште не е подготвена да стане членка на ЕУ, но дека ги исполнила сите услови за започнување на пристапни преговори за членство.
"Ги исполнивме сите услови за преговори, но уште не сме подготвени. Мораме да работиме на подобрување на многу аспекти", рекол рама на конференцијата со шефот на мисијата на ЕУ во Албанија Луиџи Сорека, на кого му е предаден извештајот на Европската комисија за напредокот, пренесува порталот "Балкан Веб".
Тој навел дека Албанија почнала да напредува во клучните реформи, како правосудството, пазарната економија и слично.
"Ова е процес полн со предизвици, но и единствениот пат", рекол Рама.