Казнети 154 возачи и пешаци во Скопје

Макфакс

20/10/2021

09:38

2.027

Големина на фонт

а а а

Полицијата вчера во Скопје казнила 154 возачи и пешаци, од кои 65 возачи за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат пешаците, 29 мерки за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг