Без вода делови од Скопје

Макфакс

20/10/2021

09:07

1.258

Големина на фонт

а а а

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека денеска поради технички зафати дел од корисниците на Скопје ќе останат без вода.

Поради промена на затворач од 3” на улица Свети Кирил и Методиј 48, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Свети Кирил и Методиј и дел од улицата Димитрие Чуповски. Прекинато водоснабдување од 9:00 часот до завршување (опш. Центар).



Спонзорирани линкови

Маркетинг