Вучиќ најави одликување на Џони Деп за Денот на независноста на Србија

Точка

19/10/2021

21:40

4.518

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе го одликува познатиот американски глумец Џони Деп на Денот на независноста на Србија, на 15 февруари наредната година. Српските медиуми ја пренесуваат благодарноста на глумецот поради најавениот орден.

Деп на Сретење ќе биде одликуван во знак на благодарност за почитувањето кон Србија, а и поради бројните проекти во Србија поради кои многу млади луѓе добиваат можност за работа.


Џони Деп потоа му се заблагодари на Вучиќ и истакнал дека е почестен со одлуката да биде награден со орден за заслуги.

"Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промовирањето на вашата преубава држава", порачал Деп.


Во друштво на Деп биле и италијанскиот режисерката Андреа Лерволино и продуцентката Моника Бакарди, а сите тројца во Србија пристигнале поради промоцијата на првиот анимиран серијал произведен во Србија за глобална дистрибуција "Puffins Impossible", а во кој Џони Деп го позајмува гласот.


Вучиќ после состанокот со Деп рекол дека производството на овој серијал е важно и за спрската индустрија, како и за промоција на Србија во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг