Тетовец загина во тешка сообраќајна незгода на патот Скопје – Тетово

Макфакс

19/10/2021

20:51

4.358

Големина на фонт

а а а

Четириесет и петгодишен тетовец загина во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Во несреќата учествувале три патнички возила и товарно возило.

Од СВР Тетово информираа дека две лица се повредени.

„На местото на несреќата животот го загуби Ф. Р. (45) од Тетово. Повредени се Е. К. (22) од Тетово, кој имал тешка телесна повреда – скршеница на ногата, како и Е. Љ. (31), исто од Тетово, која добила потрес на мозокот и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, ќе се изврши обдукција кај починатото лице.

Во тек е истрага за утврдување на причините поради кои дошло до несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг