Целиот дом ќе ви мириса на прекрасна мешавина од мандарини и печена брусница, а секој залак ќе биде бескрајно задоволство.
Киселкастиот цитрусен вкус на мандарината со додаток на слатките брусници е тоа што ги издвојува овие мафини кои се едноставни за подготовка и многу богати.
Потребно ви е само пет до десет минути да ги подготвите сите состојки, а овој брз десерт може да стои со денови – доколку издржите да не ги изедете веднаш.
- 320 грама меко брашно;
- 130 грама шеќер;
- 1,5 лажичка сода бикарбона;
- 1 прашок за печиво;
- ½ лажичка сол;
- 140 милилитри млеко;
- 2 јајца;
- 1 лажица екстракт од ванила;
- 3 излупени мандарини и нивната изрендана кора;
- 120 милилитри масло за јадење;
- 200 грама брусници.
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
Во длабок сад помешајте го брашното, шеќерот, содата бикарбона, прашокот за печиво и солта.
Во блендер ставете ги јајцата, млекото, екстрактот од ванила, ренданата кора од мандарините и мандарините. Мешајте додека не добиете течност.
Со непрекинато мешање, постепено додадете ја и смесата со брашното, па ставете го маслото за јадење. Добро измешајте, па додадете ги и брусниците.
Потоа смесата ставете ја во калапи за мафини и печете најмалку 20 минути.
Пријатно јадење!