Москва воведува строги ковид мерки

Макфакс

19/10/2021

18:31

3.229

Големина на фонт

а а а

Русија во главниот град Москва воведува ограничувачки мерки, со цел да спречи ширење на ковид.

Градоначалникот на Москва најави дека следната недела повторно ќе се почне со работа од дома, а вакцинацијата ќе биде задолжителна за услужните работници.

Постарите луѓе кои не се вакцинирани треба да останат дома

Сергеј Собјанин им нареди на работодавачите најмалку 30 отсто од нивните вработени да работат од дома во следните четири месеци. Вакцинираните вработени и оние кои неодамна заздравеле од ковид, ќе бидат ослободени од оваа одредба.

На државјаните на Москва на возраст од 60 години и повеќе, како и хронично болните жители, доколку не се вакцинирани или заболени од коронавирус, им е строго наложено да останат дома.

Рекорден број на заразени и починати

Угостителските објекти во главниот град на Русија се должни да вакцинираат најмалку 80 проценти од својот персонал со првата доза до 1 декември, а втората до 1 јануари 2022 година.

„Свесен сум за тоа колку се непријатни овие ограничувања, но едноставно нема друг начин да ве заштитиме од сериозната болест. Ве молиме вакцинирајте се. Ова ќе го заштити вашето здравје и ќе можете да продолжите со вообичаениот начин на живот“, рече Собјанин.

Рекорден број на заразени и смртни случаи се регистрирани во Русија во последните денови. Денес, пријавени се 33.740 новозаразени со Ковид-19 и 1.015 смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг