Раперот и официјално го промени своето име: "Ова сум јас"

Точка

19/10/2021

17:00

4.868

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Каније Вест го промени своето име и отсега неговото официјално име е Је, пренесува Би Би Си.

Судот во Лос Анџелес го одобри барањето на 44 годишниот рапер за промена на името во август оваа година. Весто во апликацијата за промена на името напишал дека го менува поради приватни причини.


Досега Је го користел како надимак и така го именуваше и својот албум во 2018 година. Откако се објавил албумот, раперот на ТВитер напишал: “Претходно бев познат како Каније Вест. Сега сум Је”.


Каније не е првата личност која го има променето името, пред него тоа го направиле Принс, Снуп Дог и Шон Лав Комбс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг