Јапонски бренд создаде очила кои го прекриваат целото лице

Точка

19/10/2021

16:45

8.357

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот бренд ZGHYBD во продажба пуштил необични очила кои го штитат целото лице од ултравиолетовите зраци.

Јапонската компанија ZGHYBD претставила висококвалитетен поларизиран штит за лице изработен од поликарбонат и опремен со леќи за заштита од УВ зраците. Унисекс моделот има виска издржливот, а можат да поднесат и притисок без деформација или пукање.


Очилата за лице имаат и својство за замаглување, отпорни се и на ветер и прашина, а нудат и одлично визуелно искуство и максимална видливост.


Ергонскиот дизајн на рачките се вклопува во ушниот механизам и не се лизга, а фактот дека го кријат целото лице значи дека постои и поголема заштита и покриеност од оние кои нудат обични очила. Севкупно, овој преголем штит е погоден за секојдневна заштита на очите.


Иако изгледаат многу футуристички, пуштени се во продажба преку Амазон, а можно е да станат и хит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг