Ново слатко искуство во центарот на Скопје

Точка

22/10/2021

18:39

32.492

Големина на фонт

а а а

Sweets cakery & bakery, самото име не асоцира на нешто слатко, со богата арома, на штотуку подготвен десерт кој изобилува со богати вкусови.

Sweets cakery & bakery е една понова приказна во центарот на градот, која нуди оригинални вкусови за сите љубители на слатките задоволства.

За Sweets cakery & bakery накратко поразговаравме со Милена, креатор на целиот концепт.

Од каде потекна идејата за Sweets cakery & bakery?

Долго време работам во индустријата за кондиторски производи. Љубовта кон создавање на истите и целото искуство што успеав да го соберам, ме поттикнаа да создадам нешто свое. Оттаму дојде идејата за Sweets cakery & bakery.


Sweets cakery & bakery не е слаткарница на која секојдневно налетуваме, таа се разликува по:

Асортиманот пред се. Голем дел од рецептите за слатки кои можете да ги сретнете во поголемите европски градови, се потрудив и успеав да ги соберам на едно место. На тоа додадов сопствен белег и така ги направив свои. Тоа значи дека во секој рецепт додавам неколку состојки кои го прават конечниот резулатат уште попривлечен за окото и максимално сладок.

Идејата на Sweet cakery & bakery е да:

Идејата и целта е да воведам нова димензија на слаткарството во земјава.

Кој ги изработува слатките?

Јас :)


Каде може да уживаме во слатките десерти на Sweets cakery & bakery?

Слаткарницата е лоцирана во срцето на градот - на ул. Максим Горки. Сакаме да ги направиме нашите слатки достапни за сите во брзо време, така што може да очекувате и достава наскоро.

Што од вашите слатки би препорачале на нашите читатели - што мора да се проба?

Не би издвоила само еден десерт. Има буквално за секого по нешто. Почнувајќи од оние слатки кои ни се веќе добро познати, до неколку нови возбудливи и можеби помалку познати вкусови. 


Покрај познатите, тука се и некои оригинални слатки по ваш рецепт. Како се одлучува купувачот што да одбере најчесто?

Во нашето мени ги набројуваме сите состојки со цел да го олесниме изборот на нашите купувачи. За посебни нарачки, препорачуваме да се консултираат со нас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг