Sweets cakery & bakery, самото име не асоцира на нешто слатко, со богата арома, на штотуку подготвен десерт кој изобилува со богати вкусови.
Sweets cakery & bakery е една понова приказна во центарот на градот, која нуди оригинални вкусови за сите љубители на слатките задоволства.
За Sweets cakery & bakery накратко поразговаравме со Милена, креатор на целиот концепт.
Долго време работам во индустријата за кондиторски производи. Љубовта кон создавање на истите и целото искуство што успеав да го соберам, ме поттикнаа да создадам нешто свое. Оттаму дојде идејата за Sweets cakery & bakery.
Асортиманот пред се. Голем дел од рецептите за слатки кои можете да ги сретнете во поголемите европски градови, се потрудив и успеав да ги соберам на едно место. На тоа додадов сопствен белег и така ги направив свои. Тоа значи дека во секој рецепт додавам неколку состојки кои го прават конечниот резулатат уште попривлечен за окото и максимално сладок.
Идејата и целта е да воведам нова димензија на слаткарството во земјава.
Јас :)
Слаткарницата е лоцирана во срцето на градот - на ул. Максим Горки. Сакаме да ги направиме нашите слатки достапни за сите во брзо време, така што може да очекувате и достава наскоро.
Не би издвоила само еден десерт. Има буквално за секого по нешто. Почнувајќи од оние слатки кои ни се веќе добро познати, до неколку нови возбудливи и можеби помалку познати вкусови.
Во нашето мени ги набројуваме сите состојки со цел да го олесниме изборот на нашите купувачи. За посебни нарачки, препорачуваме да се консултираат со нас.