(Видео) Полиција го запре Максим Димитриевски, градоначалникот се жали на притисоци

Макфакс

19/10/2021

13:43

2.539

Големина на фонт

а а а

Полиција утрово го запре актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој со вклучување во живо на „Фејсбук“ кажа дека полициско возило го следело неколку улици, по што на улицата Лесковачка го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Градоначалникот се жали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела. Ги задржала петнаесетина минути во кои бил блокиран сообраќајот на улицата Лесковачка.

„Објавувам вака јавно да видат сите како работи полицијата на мојот другар Оливер Спасовски. Не држат без објаснување, не ни кажуваат зошто не сопреле. Тргнав кај мојот матичен лекар. На улицата заглавен стои и автобус, сообраќајот е стопиран. Сакам да порачам дека вакви притисоци нема да успеат“, вели Димитриевски.

Тој објаснува дека му било побарано полномошно за управување со возилото на Дејан Димитриевски, документ кој тврди дека го имале со себе.

Кусо по првото вклучување во живо, Димитриевски се вклучи и вторпат со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако се возеле во ново возило, што им било познато на полицајците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг