Aктерката со бујно деколте и необичен детаљ на лицето: Фотографии од Анџелина Џоли и нејзините деца од кои тешко ќе го тргнете погледот

Точка

19/10/2021

13:30

8.510

Големина на фонт

а а а

Доколку постои холивудско „племе“ тогаш тоа без сомнеж се децата кои го носат презимето Џоли-Пит.

Децата на Анџелина Џоли и Бред Пит од моментот кога дојдоа на свет или откако се приклучија во ова семеjство секогаш се под будното око на јавноста, а ги наследиле најдобрите особини од своите родители – тие се убави, пристојни и се однесуваат како што треба во јавноста.


Анџелина овојпат на премиерата во Лондон на новиот филм  „Eternals“ пристигнала со пет од своите шест деца.

Таа носела фустан чиј горен дел бил изработен од необичен корсет кој „паѓа“ до подот. Особено интересен бил нејзиниот избор на аксесоари: златен украс на брадата кој бил закачен на усната и златни обетки и нараквица.

Покрај неа внимание привлекла и Захара која носела фустан од мајка си.


Се појавила во сребрен фустан кој актерката го носела на доделувањето на Оскарите во 2014 година со потпис на „Elie Saab Couture“.

„Сите мои деца комбинираа винтиџ модни парчиња, тука е и мојот стар фустан од доделување на Оскарите. Сите сме винтиџ и ги аплициравме сите мои стари работи“, објаснила Анџелина за „ET“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг