Дали планетата Марс некогаш изгледала како Земјата? Научничка од NASA го дава одговорот

Точка

18/10/2021

18:03

11.365

Големина на фонт

а а а

Д-р Беки, научничка од Американската вселенска агенција (NASA), тврди дека планетата Марс некогаш била многу „потопла и повлажна“.

Научничката од NASA го започнала видеото со следните зборови:

„Кога Сончевиот систем првпат се формирал пред повеќе од четири милијарди години, Марс и Земјата настанале од истите работи, па изгледале многу слично.

Додека пак денес, кога и да го погледнеме Марс, гледаме многу сува планета во споредба со Земјата која е планета богата со вода, но гледаме и докази за езера и потоци кои некогаш таму постоеле (на Марс)“.

Меѓутоа, како што вели оваа научничка Марс и Земјата различно се развивале и сега имаме две различни планети.

Видеозаписот кој го направи NASA има скици кои ни покажуваат како водата на Марс би можела да изгледа во однос на денешниот сув терен.

Сличноста меѓу овие две планети е важна за научниците затоа што тоа би им помогнало во барањето на знаци на древен живот на Марс.

„Како што Земјата напредувала со поместувањето на тектонските плочи и развојот на животот, геолошката активност на Марс спласнала, ја изгубил водата и станала многу сува планета. Тоа е суштината зошто е фасцинантно да се проучува Марс и тоа ни помага во подоброто разбирање на минатото и иднината на таа планета, како и разбирањето на Земјината планетарна еволуција, како во нашиот Сончев систем така и пошироко“.


Значи, NASA заклучила дека Марс некогаш наликувал на Земјата, но тоа веројатно било пред неколку милијарди години.

Инаку, денес постои малку вода на површината на Марс, но во облик на мраз. Исто така очигледно е дека вода има и под површината на планетата, па научниците продолжуваат со своите истражувања таму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг