Кривична пријава против српски државјанин за криумчарење мигранти

Макфакс

17/10/2021

16:00

4.638

Големина на фонт

а а а

Притворен е државјанин на Србија кој бил фатен како превезува мигранти од Куба. На даден сигнал на полицијата продолжил да вози и во близина на Село Мрзенци ги оставил мигрантите и побегнал.

„На 16.10.2021 околу 10.00 часот во близина на бензинска пумпа кај с.Мрзенци тој бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициска станица Богородица, бидејќи со патничкото возило „фолксваген голф“, со српски регистарски ознаки, кое тој го управувал, превезувал шест лица мигранти од Куба, а на даден сигнал од полициски службеници продолжил да се движи, по што во близина на с.Мрзенци ги оставил лицата мигранти“ соопшти МВР.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Р.Србија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг