Според последните информации објавени од ДИК, до 15 часот на гласање излегле над 32,05 отсто од граѓаните на Република Македонија.
Информациите на веб-страницата на ДИК покажуваат дека на обработени 62,38 отсто од гласачите, до 15 часот гласале околу 364 илјади граѓани или 32,05 отсто.
Општина Новаци и натаму е на врвот по број на излезност, 59,68 отсто. По Новаци со надминати 50 отсто следуваат Демир Хисар со 55,28, Лозово со 54,04 отсто, Карбинци 51,71 отсто, Вевчани 51,25 отсто.