САД на Анкара ѝ дале нова понуда за продажба на воени авиони наместо Ф-35

Макфакс

17/10/2021

13:34

2.040

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека САД и предложиле на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16, во замена за инвестицијата на Турција во програмата за авиони Ф-35.

Анкара беше отстранета од таа програма откако го купи одбрамбениот систем С-400 од Русија.

Претходно овој месец, Ројтерс објави дека Турција испратила барање до САД да купат 40 авиони Ф-16 и близу 80 парчиња опрема за надградба на постојните воени авиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг