10 милиони прегледи за неколку часа: Излезе трејлерот за најочекуваниот Бетмен

Точка

17/10/2021

11:15

6.871

Големина на фонт

а а а

Објавен е трејлерот за најочекуваниот Бетмен, а за само неколку часа на Јутјуб има речиси 10 милиони прегледи.

Бетмен во новиот филм го толкува Роберт Патинсон, а обожавателите одвај ја чекаат премиерата.

Во трејлерот, кој вчера беше објавен на Јутјуб каналот „Warner Bros“, прикажани се неколку култни ликови, меѓу кои Catwoman Зои Кравиц, Колин Фарел како Пингвин и Бетмобилот на Бетмен, кој излегува неповреден од експлозиите.

Најавата започнува со полиција која апси маж во кафуле. Млекото во неговото кафе се претвора во знак прашалник, знак за непријателот на Бетмен, The Riddler.

Подоцна на снимката се слуша гласот на Патинсон што ја опишува ситуацијата во Готам Сити: „Ова е буре барут. Ридлер е тој“.

Премиерата е закажана за март следната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг