Тинејџер вооружан со Лего пиштол предизвика паника во Германија

Точка

16/10/2021

17:17

6.913

Големина на фонт

а а а

Тинејџер (15) во германскиот град Линдау предизвикал вистински хаос откако во еден дел од градот, откако сопственикот на еден ресторан пријавил во полиција дека 15-годишно дете се шетало по улица со пиштол.

Сопственикот на ресторанот ѝ соопштил на полицијата дека 15 -годишно дете е маскирано, се шета по улицата каде се наоѓа ресторано и дека во раката држи пиштол.

"Секако, само што ја добивме пораката, излеговме на терен", рекол еден од полициските службеници.

Со огледна описот кој полицајците го имале, на терен биле испратени неколку полициски возила вклучувајќи ги и претставниците на сојузната полиција.


Меѓутоа, кога полицајците дошле на местото на настанот, го стопирале детето и утврдиле дека носи пиштол, но од Лего коцки.

"Утврдено е дека детето не е вооружано со вистинско оружје, туку пиштол направен од Лего коцки", наведе полицијата.

Иако не носел вистинско оружје, против него ќе биде покрената пријава поради прекршување на јавниот ред и мир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг