Безос го прекинал говорот на Шатнер, фановите бесни: "Ти си егоист, дај му една минута на човекот"

Точка

15/10/2021

22:00

8.845

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на Вилијам Шатнер го нападнале Џеф Безос поради тоа што го прекинал емотивниот говор на глумецот од "Star Trek", кој само што се врати од патувањето од вселената за да прослави со шампањско и да прска наоколу.

"Она што ми го дадовте е најдоброто искуство. Толку сум исполнет со емоции поради ова што се случи сега", рекол Шатнер после летот.

"Тоа е извонредно. Ова е повеќе од мене и животот. Тоа нема никаква врска со малите зелени луѓе и сината топка. Тоа има врска со големината, брзината и изненадниот живот и смрт. Се надевам дека ќе успеам да го задржам она што сега го чувствувам. Не сакам да го изгубам ова чувство", продолжи Шатнер.

Безос изгледал деконцентрирано за време на разговорот со Шатнер и рекол:

"Дајте ми го шампањското", рекол Безос и почнал да го прска целиот екипаж.

Откако Безос му го прекина говорот на Шатнер, тој се поместил и останал збунет од ситуацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг