Викторија Бекам откри зошто таа и Дејвид биле често модно усогласени

Точка

15/10/2021

21:30

8.621

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам во средата била гостинка во емисијата "The Tonight Show" со Џими Фелон и во таа прилика открила зошто таа и нејзиниот сопруг Дејвид во почетокот на нивната врска носела усогласена облека.

"Тоа тогаш делуваше за добра идеја. Навистина е така. Мислам дека тогаш бевме наивни, не знаевме за мода. Само се забавувавме", рекла Викторија.

Поранешната членка на Спајс Грлс откри дека не се грижеле за тоа дали ќе погрешат што ќе облечат и дека само се забавувале носејќи усогласени модни аутфити.


"И ќе си речевме, ајде да облечеме нешто кожно и тоа го правевме", додаде Викторија.


Фелон потоа прикажал фотографија од Викторија и Дејвид од 1999 година на која носат речиси исти кожни јакни и кожни панаталони. Викторија истакна дека тоа не правеле многу често, но кога ќе се одлучеле на тој потег се било добро испланирано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг