Видео: Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка - неколку лица загинаа

Точка

13/10/2021

23:29

2.983

Големина на фонт

а а а

Во Норвешкиот град Конгсберг кој се наоѓа на 70 километри југозападно од Осло, попладнево нешто по 18 часот, се случила вистинска трагедија, кога маж со лак и стрела, стрелал на сите страни во централното градско подрачје при што убил 4 лица и многу ранил.

Бројот на загинатите не е конечен. Се стравуава дека можеби тој може да е и поголем.

Полицијата не исклучува можност, ова да е терористички напад, но и натаму се истражуваат сите аспекти на случајот за да се потврди ваквиот првичен впечаток. Се работи и на мотивите на напаѓачот, кој е веќе уапсен.

Продавачи од околните трговски дуќани кои биле сведоци на настанот и останале неповредени, изјавуваат дека ништо не навестувало дека вакво нешто ќе се случи во мирното попладне во овој град , кој важи за поприлично тивко место.

Полицијата дури и не носи оружје, но по веста за инцидентот таа наоружана , и со дресирани кучиња и хеликоптери го надгледува местото на крвавиот пир и градчето со околу 25 илјади жители.

Нападот се случува 10 години по најтешкиот терористички напад во земјата, кога 77 луѓе беа убиени од ултрадесничарски екстремист.

На 22 јули 2011 година, Андерс Беринг Брејвик активираше автомобил-бомба во Осло, убивајќи осум луѓе, пред да замине на островот Утоја, каде што отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организираше младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, претежно тинејџери и млади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг