Мадона излегла на улица, публиката занемела: Изгледа дека сепак не е девојка од 63 години?

Точка

13/10/2021

22:03

6.610

Големина на фонт

а а а

За тоа дека Мадона го измени личниот опис со пластичните операции, на сите им е јасно. Но, за тоа дека нејзиното лице е далеку од совршено, стана јасно кога публиката ја виде пејачката во живо.

Мадона излегла на улиците во Њујорк со голема маса обожаватели, мегафон и бенд и направила шоу какво што само таа умее. Меѓутоа, на луѓето им останал горчлив вкус во устата кога го виделе нејзиното лице.


Нејзиното лице е изобличено, потечено, затегнато до пукање, со подуени усни, закосени очи. Пејачката била облечена во корсет, со градите кои ѝ пркосат на гравитацијата, видно 'подигнат' задник, не личи на онаа жена од пред 30-на години.

Освен 'чудното' лице, однесувањето на Мадона исто така загрижува. За време на гостувањето во шоуто на Џими Кимел, Мадона легнала на маса, го покажала задникот, се обидела да биде духовита, но сето тоа резултирало со збунетост и загриженост од публика, но и од водителот.


„Мадона сака засекогаш да биде млада, но не ѝ оди баш...“, „Сфаќам дека луѓето имаат право да прават што сакаат, но ова е премногу“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг