Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на Меквин за првпат после 11 години

Точка

13/10/2021

18:45

7.178

Големина на фонт

а а а

Манекенката Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на модната куќа Александер Меквин во Тобако Док во Лондон.

Иако беше миленичка на Ли Меквин, не се појавила на ревија на овој бренд од 2010 година, кога тој починал. Некои сметаат дека оваа пауза случајно се случила, додека другите потсетиле на расправијата која тој и Наоми ја имале во 1997 година.


Таа тогаш требала да се појави на ревијата во аутфитот наречен "It's A Jungle Out There", но доцнела неколку часа. Ли ѝ ја дал облеката на друга манекенка и рекол дека Наоми е откажана. Меѓутоа, набрзо се смириле, а Наоми започнала да се појавува навреме.

Честа да го претстави брендот Меквин и колекцијата за 2022 ѝ припадна на дизајнерката Сара Бартон.

"Ми се допаѓа идејата девојките на Меквин да се движат кон невремето. Сакав низ облеката да ја претставам мистериозноста, возбудата и прифаќањето на фактот дека никогаш не можеме да бидеме сигурни што ќе се случи во иднина", рекла Сара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг