Капетан Америка на севернокорејски начин: Му го 'украл' шоуто на Ким Џонг Ун - социјалните мрежи се преплавени поради неговиот аутфит

Точка

13/10/2021

17:19

8.305

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот војник облечен во тесен и светкав син костим, кој личи на трико, стана хит на социјалните мрежи, а многумина го споредиле неговиот стајлинг со костимот на суперхеројот Капетан Америка.

Тој бил заедно со 30 војници кои позирале за фотографија со водачот Ким Џонг Ун, за време на воената парада и демонстрацијата на вооружените системи во Пјонгјанг.


Повеќето војници носеле воени униформи со маслинесто зелена боја. Само двајца носеле други бои - еден темносина униформа, а друг син скафандер.

Не им требало многу време на корисниците на социјалните мрежи да почнат да прават паралели и шеги за неговиот стајлинг.

За некои, тој изгледал како севернокорејски еквивалент на Капетан Америка, па многумина го нарекле Капетан на ДНРК.

Севернокорејските државни медиуми не го идентификувале човекот, но експертите велат дека веројатно е 'падобранец'.




Спонзорирани линкови

Маркетинг