Меган Фокс целосно гола покрај Машин Ган Кели на насловната страница на „GQ“: Открила бизарни детали од првата средба со раперот

Точка

13/10/2021

22:24

12.095

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс и Машин Ган Кели направиле провокативна фотосесија за потребите на британскиот магазин „GQ“.

Актерката и раперот не престануваат да ги полнат таблоидите со своите јавни потези и однесување, а парот за кој никој не престанува да зборува сега се одлучил на нов изненадувачки потег.

Имено, двајцата позирале заедно на насловната страница на британското издание на „GQ“ за кое дале и интервју, а најмногу се истакнала 35-годишната Меган која позирала целосно гола.

Во текот на интервјуто проговореле за својата голема љубов и објасниле дека веруваат дека нивната средба на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ била судбинска и дека се случила во вистинско време.

„Се случи таа чудна работа. Не сме се виделе никогаш претходно и не се сеќавам на неговото лице. Се сеќавам само на високо, русокосо суштество, како дух кој исчезна. Мислам дека нѝ беше судено да не се видиме до тој момент, само нашите души се запознаa“, ја опишала Фокс нивната прва средба.

Во тоа време се уште беше во брак со актерот Брајан Остин Грин, со кој има 3 деца, додека Машин Ган Кели од претходната врска има една ќерка.

Меган овие денови работи на снимањето на својот нов филм „Johnny and Clyde“ за кој го промени имиџот и накратко од црнокоса стана платинесто руса.

„Вака изгледа ќерката на ѓаволот“, напишала во описот на фотографијата која ја објавила на Инстаграм, но не открила дали станува збор за нејзината природна коса или носи перика.

Во последно време, актерката често се дружи со кланот Кардашијан-Џенер, особено со Кортни со која неодамна сними заводлива кампања за брендот на долна облека на нејзината сестра Ким.



Спонзорирани линкови

Маркетинг