Што сè може да открие уапсениот "главен банкар" на ИСИС?

Точка

13/10/2021

21:07

4.708

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Ирак навел дека тоа била една од најтешките меѓународни операции кои ирачките сили ги спровеле.

Додека Ирачанките и Ирачаните, во мал број, излегоа да гласаат, силите за безбедност изведуваа чувствителна и важна операција за апсење на Сами Јасим, припадник на терористичката група ИСИС, кој е задолжен за финансиите, и има улога заменик на убиениот лидер Абу Бакар ал-Багдади.

Веста ја објавил премиерот на Ирак, Мустафа Ал-Кадими на Твитер.

Багдади бил убиен во акција на американските специјални сили на северозападот на Сирија во 2019-та година.

Деталите од операцијата засега се тајна. Ирачкиот премиер навел дека тоа била една од најтешките меѓународни операции кои ирачките сили ги спровеле.

"AP" од ирачки разузнавачки извори дознал дека Јасим е уапсен во неидентификувана странска земја од која пред неколку дена бил префрлен во Ирак. "AFP" дознал дека е уапсен во Турција, пренесува "Times".

Вреден 5 милиони долари

Од Анкара немало реакции, а агенцијата "Анадолија" додала дека Турција била прва држава која уште во 2013-та година ја прогласила ИСИС за терористичка група.

Агенцијата не потсетила на врските кои турската тајна служба МИТ ги имала со членовите на таа група, на кои им овозможувала преминување во Сирија. И потоа од нив купувала нафта.

Американската влада ја уценила главата на Јасин на 5 милиони долари за информација која би можела да доведе до негово апсење.

"Сами Јасим Мухамед ал-Јабури, познат и како Хаји Хамид, е еден од лидерите на ИСИС, поранешен член на Ал-Каида во Ирак и лице кое ги контролира финансиите на таа терористичка организација", се наведува во потерницата.

Јасим, Ирачки државјанин, е еден од главните лидери на ИСИС, кој има увид во вредни информации за операциите на групата, рекол за "Reuters" Хасан Хасан, експерт за таа група.

Тој е втор лидер на ИСИС кој бил уапсен жив, додава Хасан.


Калиф без калифат

Хасан наведува дека Јасим бил член на управниот совет на терористичката организација кој брои меѓу 6 и 12 членови. Близок е и со новите лидери на ИСИС.

По ликвидацијата на Багади, Абу Ибрахим ал-Хашеми ал Кураиши го заземал неговото место, кој веднаш го добил прекарот калиф без калифат.

Хасан додава дека банкарот на ИСИС, како што медиумите го нарекле Јасим, со време го проширил опсегот на делување на координација на активностите во Ирак и Сирија, како стратешки, така и тактички.

Експертот за ИСИС за "Reuters" рекол дека е вообичаено лидерите на ИСИС, кога им се заканува апсење, да се разнесат, како Ал-Багдади, или да се борат додека не ги убијат.

"Банкарот" не го направил тоа, што можеби е знак дека не се надевал на апсење.

Давид Коен, поранешен секретар за тероризам и финансиски разузнавачки податоци во американското Министерство за финансии, за "Times", милитантите ги опишал како "најбогатата терористичка организација на Земјата".

Јасим ги надгледувал приходите кои достигнувале и до милијарда долари годишно. Од продажба на нафта доаѓале околу половина милијарда долари, а од изнуди, односно даноци кои ги наметнувале на просторот на кој оперирале, доаѓале околу 300 милиони долари.

Приходи остварувале и преку откуп, а тие достигнувале до 25 милиони долари, со илегална трговија на антиквитети заработувале околу 15 милиони, а со трговија на луѓе околу 10 милиони долари.

На тоа треба да се додадат и донациите на симпатизерите од Блискиот исток, кои не престанале до денеска.

Разузнавачките служби биле непријатно изненадени со вештината на финансиската управа на калифатот кој во пикот на својата моќ се простирал на третина од територијата на Сирија, со седиште во Рака, па се ширел кон Ирак, каде завршувал на 60-тина километри од Багдад.

Седиштето било во Мосул, градот кој паднал во 2014-та година и каде Ал-Багдади прогласил калифат. Посебно било фасцинантно како функционира даночниот систем.


Парите, клуч за се

Колин Кларк, директор за истражување на политика во "Соуфан Груп", консултантска компанија за безбедност, за "Times" рекол дека податоците кои Јасим ги поседува би можеле да откријат како групата ги перела парите, каде ги вложувала и распоредувала средствата. Тоа можеби нема да добро за некои на Западот.

"Парите се клуч за терористичките групи, па потрагата по луѓе задолжени за пари се важен дел од стратегијата за нивното сузбивање", рекол Кларк.

Терористичката група, откако ја изгубила територијата на калифатот, се реорганзирала и го префрлила делувањето според моделот на Ал Каеда, во франжизи, кои делуваат на простор од Западна Африка до Југоисточна Азија.

Меѓу нив постои комуникација, но не е сосема јасно во која мера се ускладуваат активностите. Досега се претпоставувало дека водството на ИСИС и натаму е на просторот на Сирија или Ирак, во пустинските подрачја.

Владата во Дамаск не е заинтересирана за трошење на потребните ресурси за контрола над тие простори.

Западните разузнавачки служби проценуваат дека во тие предели престојуваат околу 10.00 борци на таа терористичка група, која и натаму има заштита меѓу некои сунитски заедници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг