Дамски, а толку секси – кралицата Летиција во стајлинг за чиста 10-ка!

Точка

12/10/2021

13:51

9.195

Големина на фонт

а а а

За оваа посебна прилика кралицата од Шпанија ја чувала модната комбинација која претходно сме немале можност да ја видиме, со оглед на тоа што знае често да ги повтори своите модни комбинации на јавни настани.

Шпанската кралица Летиција во Базел ја отворила изложбата „Гоја“ која ќе биде отворена до јануари наредната година и на која се изложени дела од славниот шпански уметник од повеќе приватни колекции и од престижни и американски музеи.


Во состав со тоа колку била важна оваа прилика, Летиција била многу возбудена и со внимание го следела целиот тој настан на кој имало над 70 слики и над 100 цртежи и скици.

Таа повторно ги оставила без здив присутните со својот изглед, а за овој настан одлучила да носи аквамарин нијанса на зелена боја и тоа во вид на тенок џемпер на кој ги подвиткала ракавите и кој го вовлекла во тесното здолниште, а и двете модни парчиња се од шпанскиот бренд „ Ис Коминг“.


Здолништето го краселе и маслинести украси во облик на цветови, а Летиција на сето тоа додала лакирани салонки од модната куќа „Маргит“. Чевлите ги комбинирала со чантата, а посебна нота на стајлингот ѝ даваат обeтките од модната куќа „Јанес“.

Ова не е првпат кралицата да патува сама исклучиво поради промоција на шпанската култура. Така во 2014 година во Виена гордо ја отворила изложбата за Веласкез, а инаку е чест гостинка  намногу културни манифестации во својата земја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг