Бени Шаќири за Точка ТВ: „Неостварена желба ми е да снимам хеви метал албум во едно од најпрестижните студија во светот“

Точка

08/10/2021

22:43

3.069

Големина на фонт

а а а

Рок музичарот Арбен Бени Шаќири е нашиот денешен гостин во Точка ТВ.

Шаќири неодамна ја изненади јавноста кога се кандидираше за градоначалник на Град Скопје на локалните избори, па токму тоа е и поводот за неговото гостување во Точка ТВ.

Но, за политика не зборувавме.

Единствено, го прашавме која беше најзабавната реакција што ја добил од неговите блиски кога им соопштил дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје - а одговорот сигурно ќе ве насмее.

Бени по повод неговата кандидатура објави и песна, насловена како „Вака не може“, позади која како комплетен автор се потпишува Тоше Поп-Симонов.

Го прашавме Бени кој стих му е омилен од новата песна, а нѝ раскажа и интересна случка од зад камерите, за време на снимањето на спотот.

Во кујна вели дека е 'лош', односно дека од кујна 'сака само да јаде'... Го навративме на детството, а ги споменавме и средношколските денови. За тоа која желба му останала неостварена - веќе дознавте од насловот.

Која песна целосно го опишува, кога последен се расплакал, најголемата невистина што ја слушнал за себе и многу повеќе одговори - погледнете во видео интервјуто со Арбен Бени Шаќири.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk