Дефицит и суплементација: Витаминот кој е предмет на многу истражувања во моментов

Точка

20/10/2021

07:59

20.543

Големина на фонт

а а а

Во изминатиов период, витаминот Д беше предмет на многу нови истражувања. За важноста на витаминот Д покрај моменталната пандемија, вниманието на изстражувачите е привлечено од многуте нови информации кои произлегоа околу придобивките од него, како тој влијае на подобрување на имунитетот и што се случува кога истиот недостига во нашиот организам.

Истражувањата покажаа дека причинител за многу состојби на нарушено здравје или општа состојба кај луѓето е всушност недостаток на Витаминот Д. Така и се дојде до заклучокот дека она што го нарекуваме витамин Д, може да се третира и како хормон кој поттикнува разни процеси во човечкото тело.


Географската местоположба има големо влијание на застапеноста на витаминот Д кај еден народ. Луѓето во Земјите со помалку сончеви денови, имаат тенденција за дефицит на овој витамин и кај нив суплементацијата е од исклучително значење.

Разни видови на храна како рибата, жолчки од јајца, месо, некои млечни производи се збогатени со присуство на овој витамин. Секако, секоја индивидуа е различна и најчесто задоволителното количество на голем број витамини и минерали не се постигнува со само јадење на одредена храна, туку со додатна суплементација на истите.


Од исклучителна важност е внимателен внес на било кој суплемент, меѓу кој и витаминот Д. Од таа причина се препорачува проверка на статусот на истите во организмот.

Во 2012 година е направена мета-анализа на 24 клинички истражувања за суплементација на витаминот Д. Резултатите кај испитаниците покажале дека овој витамин во голем процент бил пресуден за здравјето на забите, па така оние кај кои бил детектиран дефицит на витаминот Д, биле посклони кон создавање кариес и болни заби. Од сите испитаници, само кај 7% била детектирана доволна застапеност на Д витаминот.

Витаминот Д помага и при менталното здравје кај луѓето, на начин што го одржува нивото на серотонин во мозокот. Се вели дека неговото дејство има потенцијал да влијае како што влијаат и антидепресивите при нарушување на балансот на серотонин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг