"Lamborghini" за колекционер произвел автомобил од 1971-ва година

Точка

04/10/2021

21:42

37.303

Големина на фонт

а а а

Со оглед на вложениот труд, не се сомневаме дека купецот ќе потроши голема сума на пари.

Легендарниот прототип на "Countach", со име "LP500", премиерно е прикажан во 1971-ва година на салонот за автомобили во Женева. Три години подоцна настрадал во краш-тест, а потоа му се губи секаква трага. "Lamborghini" за 50-годишнината на автомобилот одлучил да изведе вистински потфат и од нула да направи сосема нов автомобил.

Паралелно со развојот на духовниот наследник, моделот "LPI 800-e", во Санта Агата вредно работеле и на изработката на оригиналот. Верувале или не, одделот за реставрација на проектот потрошил дури 25.000 работни часови. Оправдано - бидејќи автомобилот е всушност нарачан од еден неименуван, но очигледно страстен колекционер.

Тој уште во 2017-та година изразил интерес за купување на прототипот, а "Lamborghini" овој своевиден предизвик го прифатил со "две раце". Притоа биле користени оригинални резервни делови, а многу од нив биле повторно направени. На пример, "Pirelli" произвел оригинални "Cinturato CH12" гуми на кои возел оригиналниот прототип. Користена била и истата нијанса на жолта боја.

Потсетуваме, цената на новиот "Countach LPI 800-4" е 2,56 милиони фунти, додека цената на прототипот, како и името на купецот ќе останат тајна. Во приложеното видео се споменува сума од 2.64 милиони долари, но бидете сигурни дека цената е прилично повисока.



Спонзорирани линкови

Маркетинг