Модерна верзија на култниот автомобил: Македонски дизајнер претстави концепт за електрично „Југо“

Точка

28/09/2021

18:26

36.159

Големина на фонт

а а а

Македонскиот дизајнер Дејан Христов го привлече вниманието на јавноста со неговиот концепт за електрично „Југо“. Неговите прикази беа објавени од страна на многу странски медиуми, а Христов најавува дека ќе го претстави проектот како деловен потфат.

На платформата „Behance“, неодамна се појави концепт за автомобил кој ги разбуди духовите, не само во земјите од поранешна Југославија туку и во остатокот од автомобилскиот свет. Имено, дизајнерот објави низа рендери со кои прикажува модернизирано „Југо“ во форма што би била соодветна за денешното време.


Кога станува збор за изгледот, јасно е дека потписот на дизајнерот го следи оригиналот во форма и функција. Од профилот и задниот дел, „Југото“ е сепак препознатливо, иако во оваа верзија е украсено со почисти и позаоблени линии, LED светла и сè што треба да поседува еден автомобил денес.


Покрај тоа што ја осмислил електричната реинкарнација на легендарното „Југо“, тој ја поставил и пред познатите споменици низ поранешна Југославија, за да го истакне карактерот и наследството на овој бренд. Според неговата идеја, доколку некој произведе ваков автомобил, тој денес би имал целосно електричен погон, цената би била во понискиот сегмент (како оригиналното „Југо“ во минатото) и би ги таргетирал „широките маси“.


Христов вели дека неговиот проект во никој случај не е поврзан со оригиналната компанија, туку тоа е хоби проект, но според некои најави, тој размислува да го претвори во претприемачки потфат. Дизајнерот ќе им го претстави „новото е-Југо“ на српските власти и напомена колку е интересно да се вклучат „Римац Аутомобили“, „Стелантис“, која има фабрика во Крагуевац, или „Рено“, „Дачија“ или трет кинески производител на електрични возила – веројатно со надеж дека некој од нив ќе има подобри системи за контрола на квалитет отколку што имаше „Застава“ во минатиот век, пренесува „Денар“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг