Докторите во Израел се борат со четвртиот бран: "Можеби нѝ недостига опрема и персонал, но бесни сме на невакцинираните"

Точка

28/09/2021

21:51

4.192

Големина на фонт

а а а

Професор во една од главните болници во Израел вели дека ситуацијата со коронавирусот во таа земја не е наивна, но дека е далеку од "панична" како што се пласира во медиумите. Иако болниците во земјата мака мачат со недостаток на опрема и медицински персонал, професорот тврди дека лекарските тимови функционираат многу подобро отколку во претходните бранови на пандемијата.

Во Израел, каде моментално "дивее" четвртиот бран од пандемијата, ситуацијата е загрижувачка иако три од девет милиони луѓе примиле трета доза од вакцината Фајзер/Бионтек.

Во неделата регистрирани се речиси 3.000 нови случаеви, што е доста помалку во однос на бројките од пред неколку недели, кога на дневно ниво биле забележани повеќе од 10.000 новозаболени во еден ден. Поради сѐ, експертите во Израел велат дека состојбата е алармантна и тоа само поради тоа што и понатаму се бележат големи бројки на тешко заболени.


Според новите податоци во Израел има околу 700 тешки случаеви, што е голем број и во споредба со претходните бранови во пандемијата. Како што наведува Спутник, 280 од нив се животно загрозени, а 25 се на респиратор.

Им недостига ли опрема на болниците?

Одредени медиуми во претходните седмици пишувале дека Израел наскоро ќе остане без потребните ЕCMO апарати, кои можат да им го спасат животот на оние на кои им откажуваат белите дробови и срцето. Пишуваат и дека болниците се преполни со пациенти и дека лекарите се принудени да бираат кој ќе прикачат на апарати, бидејќи едноставно немаат доволно.


"Причина за паника нема"

Професорот Арнон Афек, директорот на Клиничкиот центар Шеба тврди дека здравствениот систем е подготвен за борба со коронавирусот.

"Нашиот здравствен систем е добар. Секако, постојат некои работи кои "чкрипат". Да речеме немаме доволен број кревети за акутна нега, но се бориме", вели Афек.

Медицинскиот персонал "паѓа на нос"

Афек признава дека лекарите и другите медицински работници во Израел се неопходни, но додава дека и без оглед на тоа, постоечките медицински тимови вршат одлична работа.


"Во претходните бранови беа исцрпени, сега се борат со други проблеми. Имено, 70% од пациентите кои се во критична состојба не се вакцинирани. Секако, сите ги лекуваме, но докторите се бесни и им е потешко да ги лекуваат оние кои не се вакцинирале", вели Афек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг