Дали би го возеле? Електричен автомобил кој ја менува својата ширина по потреба

Точка

27/09/2021

16:34

32.012

Големина на фонт

а а а

„City Transformer“ е уште еден во низата стартапи кој се обидува да одговори на прашањето како ќе изгледа индивидуалниот превоз во градовите на иднината.

Компанијата од Израел го разви овој мал електричен двосед (1+1) со должина од 2,5 метри, кој носи едноставна ознака – „CT1“.

Дизајнерите тргнале од премисата дека возилото треба да има што помала основа, за да зазема што е можно помалку драгоцен паркинг простор во центрите на големите градови, а во истовреме да биде доволно стабилно за возење, со оглед дека има висок профил.

Решението го пронашле во механичката основа која по потреба може да ја менува својата ширина. Имено, ширината изнесува 140 центиметри во режим на возење, додека за потребите на паркирање автомобилот се стеснува на само 100 центиметри, така што тркалата се вовлекуваат во каросеријата.


„CT1“ за движење користи два мали електромотори од по 10 коњски сили кои се сместени во задните тркала, така што вкупната сила на погонскиот систем е 20 коњски сили. Кога тркалата се целосно извлечени, автомобилот може да развие брзина од 90 км/ч., а во режим на паркирање, со вовлечени тркала, максималната брзина е 40 км/ч. Од 0 до 50 км/ч. забрзува за 5 секунди.


Погонската батерија се наоѓа во подот на возилото, а производителот проценува дека автономијата при возење на овој автомобил е помеѓу 120 и 180 километри. На брз полнач, батеријата може да се наполни до 80 проценти од својот капацитет за 30 минути.


„City Transformer“ веќе отворил книга за нарачки за „CT1“ чија цена - доколку автомобилот се резервира сега - изнесува 12.500 евра.

Почетокот на сериското производство е најавен за 2024 година, кога првите сопственици би требало да ги добијат своите возила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг