Сопственикот на „Тесла“ раскинал со познатата пејачка и мајка на неговото дете: „Таа моментално е со мене и бебето Икс во соседната соба“

Точка

24/09/2021

21:12

9.984

Големина на фонт

а а а

Илон Маск (50) и пејачката Грајмс (33) раскинале после 3 години врска.

Основачот на „Тесла“ и „SpaceX“ потврдил дека тој и канадската пејачка се полу-разделени, но дека останале во добри односи и продолжуваат да се грижат со заеднички сили за едногодишниот син со необично име, Икс Еш Еј 12 Маск.

„Ние сме полу-разделени, но уште се сакаме, се гледаме често и сме во добри односи“, рекол Илон за „PageSix“.


„Мојата работа во Тесла и Спејс Икс бара да бидам во Тексас почесто или да патувам надвор од земјата, а нејзината работа е воглавно во Лос Анџелес. Таа моментално е со мене и бебето Икс во соседната соба“, рекол Маск.

Тие врската ја започнале во 2018-та година, а синот го добиле во мај, 2020-та година.


Последен пат заедно се видени на Мет Гала, а тогаш Грајмс сама се прошетала на црвениот тепих, додека Илон ѝ се придружил внатре. Се забавувале, а потоа биле видени како заедно го напуштаат Њујорк следниот ден.

Меѓутоа, минатиот викенд Илон бил на забава кај сопругата на еден од основачите на Гугл. Се работи за Никол Шанахан, сопругата на Сергеј Брин, а како што се наведува, Илон тогаш бил сам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг