Мајката на Роналдо сподели смешен коментар кој го дал нејзиниот внук кога се запознал со Меси: "Не е тој"

Точка

24/09/2021

21:21

5.838

Големина на фонт

а а а

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро раскажала анегдота во интервју за службениот канал на португалскиот Спортинг за денот кога Кристијано Џуниор ја запозна аргентинската легенда , Лионел Меси.

Како што истакнала, нејзиниот внук не можел да поверува дека навистина станува збор за Лионел Меси бидејќи му се видел дека е многу низок.


"Бев со Кристијано Џуниор и му реков: "Види, тука е Меси". Внук ми на тоа ми рече: "Тоа не е Меси. Многу е низок". Потоа Роналдо го охрабри да го поздрави. Меси е многу добра личност, а мојот внук е веќе повисок од него. Тој момент беше многу забавен", се присетила Долорес.


Во 2017 година Португалецот ја освои Златната топка со 1.017 поени, додека Меси беше второпласиран со 670 поени. Инаку, Меси е висок 1,69 метри додека Роналдо 1,87 метри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг